РК Алкалоид на официјална прес-конференција го најави новиот европски предизвик, мечот на домашен терен против РК Бјерингбро-Силкеборг од Данска во Европската лига на EHF!
Пред медиумите говореа тренерот Кирил Лазаров и ракометарот Иван Џонов, кои со нетрпение го очекуваат новиот европски дуел пред домашната публика против реномираниот ривал.
„Нашата публика ќе има можност да гледа еден квалитетен натпревар меѓу две екипи кои играат модерен ракомет. Очекувам тврд и силен меч.“, кажа Кирил Лазаров.
„Тактички сме добро подготвени за противникот. Ако одиграме најдобро што знаеме, верувам дека можеме да стигнеме до позитивен резултат. Ќе ни биде потребна и поддршка од македонската публика“, се надоврза Џонов.
Натпреварот меѓу РК Алкалоид и РК Бјерингбро-Силкеборг е закажан за вторник од 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“, а билети може да набавите преку продажната мрежа на MkTickets.