Радовиш ја запиша првата победа во Супер лигата, откако славеше дома против Струга со 33-30.
Победата на домашните падна во сенка на судискиот грабеж кој го направија делителите на правдата на денешниот дуел браќата Спаско и Глигор Ќаеви.
Ќаеви покрај многуте неправилно одлуки кои ги досудеа во корист на Радовиш на денешниот дуел , доделија и два црвени картони на гостите, исклучувања за приговори.
Штета е вакви судии да гледаме на ракометните терени. Истите судии го судеа и натпреварот помеѓу Прилеп и Бутел минатото коло, кога имаше прекини и приговори од двете екипи. Години поминуваат неказнето ваквите судии на терените и време еднаш да се стави крај и да бидат санкционирани ваквите судии за доброто на ракометот.




