Изминатиов викенд, на 23ти и 24ти ноември, во спортската сала Борис Трајковски во Скопје, се оддржа интернационалниот натпревар за танц Dance Off, на кој учество зеде и нашето струшко Студио за танц БАХ.
Овој пат на натпревар заминаа само со јуниорската екипа, со кореографијата MY POWER, MTV street style formation и освоија прво место. .

“Се вративме дома со среќни девојчиња, со уште еден голем пехар, со златни медаљи и искуство плус” ни изјавија од Студиото за танц БАХ
Со златен медал се закити јуниорската екипа во состав:
Анастасија Кочовска
Геса Мерко
Дијана Ристеска
Михаила Кукоска
Милица Трифуновска
Теона Настоска
Јана Коркут
Неда Сагдиновска
Михаела Никева Ѓуроска
Емилија Кочоска
Андреа Костовска




