Женскиот ракометен клуб Вардар продолжува со засилувањата за претстојната сезона, а најново име во редовите на „црвено-црните“ е младата и перспективна голманка Марија Дуновска.
Дуновска зад себе има успешен развоен период и веќе важи за една од најталентираните голманки во својата генерација. Минатата сезона беше прогласена за најдобра кадетска голманка во кадетската лига, а признанието го доби по завршниот Ф4 турнир, каде што со своите настапи остави силен впечаток.




