Екипата на Чаир загуби од израелскиот состав Макаби Аразим Рамат Ган со 30-33 во првиот натпревар од третата рунда на Европскиот Куп.
Најдобар стрелец во составот на Чаир беше стружанката Теодора Гулицоска со фантастични 14 погодоци, ја следеше Николовска со 6 голови. Кај Макаби Аразим најефикасни беа Хавронина и Лубјанаја со по 6 гола. .
Реваншот помеѓу нашиот тим и Макаби Аразим и Чаир ќе се игра на 10 декември од 18:00 часот.