Пионерската репрезентација на Македонија ја запиша првата победа на Регионалниот Челинџ Куп У16! По вчерашниот пораз од Црна Гора, избраниците на Никола Матлиески денеска возвратија со триумф над Косово од 35:33!
Во центарот на вниманието беа стружаните Војо Клењоски со 9 и Горазд Ојлески со 8 погодоци, кои блеснаа во победничкиот настап на македонските надежи!
Македонија победнички продолжува на турнирот, а Струга повторно има свои ракометни херои!




