Вардар го надигра на Еурофарм Пелистер со 31:24.
Напрецизни кај Вардар беа Дејан Манасков со 7 голови, Талески го следеше со 6, а одличен беше и бразилецот Дутра со 5 голови. Кај Еурофарм Пелистер Пешевски постигна 5 голови, Суси и Каспер Кишум го следеа со по 4 гола.
На голот на Вардар одличен беше Мартин Томовски со 11 одбрани, додека Вардар играше одлична одбрана со која диригираше поранешниот македонски репрезентативец Велко Марковски.