Стефан Спироски се закити со две значајни признанија на „Охрид Фест – Интернационална вечер“ – Прва награда од стручното жири и Награда за најдобар сценски настап.
На фестивалот ја претстави песната „Дури постојам“, создадена од големиот македонски композитор Кире Костов, со текст на Огнен Неделковски. Песната била подготвувана уште пред заминувањето на Костов, а Спироски го чекал вистинскиот момент за нејзината премиера.
„Беше огромна чест, но и голема одговорност да ја изведам композицијата на еден таков великан. Оваа песна има посебна тежина за мене“, вели Спироски.
За сценскиот настап тој упатува благодарност до Studio BAH од Струга, а освоените признанија ги опишува како голема мотивација за понатаму.
По „Охрид Фест“, Спироски продолжува со нова музика, меѓу која и песни со Копрoв, Огнен Неделковски и Антонија Шола.




