Кадетската ракометна репрезентација на Македонија обезбеди учество na Eвропското првенство откако го совлада Косово со 33:24 во последниот натпревар од квалификациите.
Избраниците на Наум Танески на квалификациите кои е одиграа во Скопје славеа две победи против Словачка и Косово, а минимално загубија од Швајцарија. Со тоа успеаја да се пласираат на Европското првенство за кадети.
Најдобар стрелец во квалификациите беше десното крило Јован Петрески со 17 голови кој од оваа година е ракометар на Мулти Есенс, а потекнува од школата на РК Струга. Втор стрелец во нашата репрезентација беше Дамјан Митев со 14, додека трет Теодор Пецановски со 13 погодоци,




