Еден од најталентираните млади македонски ракометари Емилијан Ѓорговски во наредните 3 сезони ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер.
Левиот бек Ѓорговски кој доаѓа од најракометниот град Струга прави трансфер од Голден Арт КЛ7 во тимот на Еурофарм Пелистер. Првата година Емилијан ќе работи под палката на одличниот Александар Јовиќ во Еурофарм Пелистер 2 каде треба да го потврди својот потенцијал за првиот тим.



