Стружанецот Александар Ангеловски и неговиот тим Белфор славеа нова победа во Третата лига на Франција.
Белфор во второто коло на домашен терен го победи Руен со 30-29, а Ангеловски беше најефикасен со 8 погодоци.
Александар Ангеловски со 6 гола беше најефикасен и во првото коло каде негов тим славеше на гостувањето кај Буржуан со 29-33.