Струшките триатлонци продолжуваат да ги редат успесите! На престижниот „11ТРИ Златиборски Триатлон 2025“, младите надежи од Струга освоија вкупно седум медали во различни категории.
Во кадетскиот акватлон, Тија Кукунешоска се закити со бронза 🥉. Во пионерската конкуренција, блесна Јован Кутаноски со злато 🥇, додека Христијан Нически и Стефанија Кутаноска освоија сребро 🥈 и бронза 🥉.
Кај младите кадетки, Девран Куртис стигна до бронзен медал 🥉, а во категоријата млади пионери со медали се враќаат Дарија Магдис (🥈) и Игнатиј Милески (🥉).
Честитки и за Матео Мачоски, Марко Шаврески, Керем Куртис, Софија Кутаноска и Хади Исмаилоски, кои беа на чекор до подиумот.




