Викендов џудо клуб Дрим-Струга учествуваше на меѓународниот турнир во Ниш,Р.Србија MEDIJANA KUP 24 каде учествуваа над 300 натпреварувачи од 36 клубови од 4 држави.Нашиот клуб настапи со пет натпреварувачи и освои четири медали.
Со медал се закитија:
Анамарија Стојмиловска -48 кг 🥈
Елеонора Јосифоска -40 кг 🥈
Мила Стојмиловска -44 кг 🥉
Драгица Рафтоска -63 кг 🥉
Одлични борби прикажа и Катерина Клењоска но не успеа да се закити со медал.ЏК Дримh не застанува тука веќе наредниот викенд ќе настапи на 2 меѓународни натпревари во Р.Србија и Р.Босна и Херцеговина.




