Двете струмички фудбалерки, воедно и репрезентативки на Македонија, Павлинка Николовска – Пале која игра на неколку места во одбраната и одигра одлична полусезона која што е една од најзаслужните за есенската титула потпиша со актуелниот шампион, тимот на ЖФК Каменица Саса нов професионален договор од 2.5 години или со важност до 30.06.2023 година. Николовска има искуство и од интернационална кариера, каде што еден период играше и за женскиот тим на Црвена Звезда во српското првенство.
Втората репрезентативка 18-годишната Елена Панеска – Џокси, која игра на позицијата лев бек и е една од најдобрите во лигата на оваа позиција, исто така парафираше договор со клубот, но таа се одлучи на продолжување од само една година или со важност до 31.12.2021 година.