Шампионот Струга ТЛ со 2:1 ја совлада Македонија ЃП со погодоците на Шабани во 13-тата и Радески во 21-та минута. Во второто полувреме, Алији со погодок го ублажи поразот на Македонија ЃП.
Шкупи одигра без голови на гостувањето кај Брегалница во Штип, исто заврши и дуелот во Струмица меѓу Брера и Шкендија.
Вардар со победа од 1:0 во соседското дерби против Работнички побегна на табелата пред Брегалница и Македонија ЃП.
Резултати:
Брера Струмица – Шкендија 0:0
Брегалница – Шкупи 0:0
Струга ТЛ – Македонија ЃП 2:1
Тиквеш – Силекс 1:0
Вардар – Работнички 1:0
Воска спорт – Гостивар 1:1
Табела: Струга ТЛ 45, Шкупи 44, Шкендија 43, Гостивар 30, Тиквеш 29, Силекс 29, Брера Струмица 27, Работнички 27, Воска Спорт 25, Вардар 24, Брегалница 21, Македонија ЃП 18.




