Струга славеше рутинска победа против струмички Астраион со 32-27 (полувреме 18-13) во Суперлигата. Најдобри стрелци кај домаќинот беа Богдан Николиќ со 7 и Пеце Рајатовски со 6 голови, додека кај гостите Мите Караиванов и Филип Кавазов со по 7 погодоци.
Во следното коло на 1 декември Струга ќе му гостува на тимот на Голден Арт КЛ7, додека струмичани се домаќини на Јуниор Кисела Вода.