Драган Аџиќ поднесе оставка по речиси 11 години минати на клупата на подгоричка Будуќност. Поранешниот женски европски ракометен првак Будуќност соопшти дека Бојана Поповиќ е нов тренер на клубот.
Бојана Поповиќ досега му беше прв асистент на Аџиќ, кој седна на клупата на Будуќност во 2010 година, а две години подоцна ја освои титулата во Лигата на шампионите. Исто така Поповиќ неодамна беше именувана и за асистент на новиот селектор на сениорската репрезентација на Црна Гора, Ким Расмусен.