На 19-ти јуни во Спортскиот центар “Тими” во Струга ќе се одржи седмото издание на меѓународниот турнир во џудо “СТРУГА ОПЕН 2022”. Турнирот е во организација на Џудо клубот “Дрим” oд Струга и на него ќе учествуваат најдобрите џудисти од: Aлбанија, БиХ, Словенија, Косово, Бугарија, Турција, Хрватска, Грција, Србија, Шведска, Црна Гора, Романија, Холандија, Полска, Македонија како и од други земји цела Европа.
