Maкедонската ракометарка Симона Гроздановска, по вторпат беше прогласена за најдобар стрелец во првенството на Швајцарија кај дамите. Симона Гроздановска постигна вкупно 250 погодоци во дресот на Винтертур во изминатава сезона.

Kaj мажите за најдобар стрелец беше прогласен Александар Шпенде, поранешниот ракометар на Металург и сопруг на нашата ракометарка Марија Гајиќ, кој го носи дресот на Базел. Александeр Шпенде сезоната ја заврши со 225 погодоци зад своето име.
