Струга Трим Лум одигра рамноправно со Жалгирис и сосема заслужено со реми 0:0 се враќа од Литванија на деби натпреварот во Лигата на Шампионите.
Ќосевски бранеше одлично, додека во нападот имаа неколку контра напади кои можеа да донесат и победа.
Реваншот се игра на 18. јули, на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.