Стружанецот Илирјан Асани е новиот државен првак на Македонија во бодибилдинг, во дисциплината Класик Физик!
Асани се закити со шампионската титула на Државното првенство во бодибилдинг и фитнес, кое синоќа се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Со овој успех, стружанецот се искачи на државниот врв во својата дисциплина, потврдувајќи ја посветеноста, дисциплината и трудот вложени во подготовките за натпреварот.
Титулата државен првак е големо признание за Асани и убав успех за Струга, која добива уште еден спортски шампион што го истакнува името на градот на националната сцена.
Честитки за Илирјан Асани за освоената титула државен шампион на Македонија!




