Пионерките на Струга ЖРК продолжуваат со одличните настапи во Пионерската женска лига, откако во рамките на третото коло на домашен терен славеа против екипата на КХФ Јехона со 20:14. Стружанки уште на полувремето имаа предност од шест гола (13:7), која успешно ја задржаа до самиот крај на натпреварот.
Најефикасна во победничкиот состав беше Елена Ѓонеска со девет погодоци, додека Мила Илоска постигна три гола. Кај гостинската екипа најдобра беше Ерина Хасани со осум погодоци, а Ива Николoска ја заврши средбата со четири гола.
Со оваа победа, Струга ЖРК потврди дека има квалитетен потенцијал во пионерската конкуренција.
Стрелци:
Струга ЖРК: Елена Ѓонеска 9, Мила Илоска 3, Евгенија Димовска 2, Николина Паноска 2, Деспина Чакар 1, Марија Глигороска 1, Мила Миса 1, Ива Крстаноска 1.
КХФ Јехона: Ерина Хасани 8, Ива Николoска 4, Ера Руфати 2.
Состави:
Струга ЖРК: Михаела Нестороска, Јоана Куциноска, Михаела Рафетоска, Инес Јованоска, Деспина Чакар, Евгенија Димовска, Александра Пејчиноска, Марија Глигороска, Николина Паноска, Елена Ѓонеска, Ива Крстаноска, Мила Илоска, Мила Миса, Сара Ајдари, Андреа Шеќероска, Ема Савеска.
КХФ Јехона: Еда Садулаи, Ермана Мехмеди, Амелија Сабани, Ера Руфати, Ера Далипи, Лара Кадриу, Еда Далипи, Ерина Хасани, Амра Синани, Еда Куртиши, Ива Николoска, Амина Беќири.
Резултат: Струга ЖРК – КХФ Јехона 20:14 (13:7).




