Струга во 9. коло од Суперлигата потешко од очекуваното славеше против Вардар Неготино, со резултат 24:26 (14:16). Најефикасни за Струга беа Бобан Блажески со 8 и Петар Бугариновиќ со гола.
Охрид исто така потешко од очекувањата славеше на гостувањето кај Прилеп со 26-25. Бојаниќ со 6 гола беше најефикасен во Охрид, додека Шокоски со 8 го предводеше Прилеп.