Викендов кај мажите на програмата е 10.коло од плеј-офот во ракометната Суперлига.
Колото го отвараат денес Струга на гости кај актуелниот вицепрвак Алкалоид. Дербито на колото е во недела во Охрид каде домашните го пречекуваат шампионот Еурофарм Пелистер во еден од клучните натпревари кој ќе ја одлучи титулата.
Во останатите натпревари Вардар е домаќин на Тиквеш, додека Бутел игра со Пролет.





