Дваесетгодишниот Славе Јанковски кој ги бранеше боите на Астарион е нов ракометар на Струга.
Јанковски кој е висок 190 cm пролетва беше еден од најдобрите поединци на тимот од Струмица со што го привлече вниманието на стружани и дојде до трансфер . Славе Јанковски има настапувано и за младите категории во школите на РК Вардар.