На отвореното ракометно игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај женска плажа во Струга овие денови (од 12 до 16 август) се игра 48-то издание на Струшкиот ракометен турнир кој поради пандемијата оваа година е само со Македонски екипи.

Денеска со почеток во 17:15 се одигра напреварот помеѓу РК Охрид и РК Еурофарм Пелистер 2 каде што во многу тесен резултатски натпревар екипата на РК Охрид во самиот финиш славеше со 26:22 (12:9)



