ЖКК Струга 2009 во последна минута не успеа да го совлада Баскет Кам актуелниот освојувач на купот и моменталниот лидер на табелата. Во неизвесна пенал заврсница домашните кошаркарки на Баскет Кам беа посмирени.
Баскет Кам славеше против Струга 2009 со 68:62 (по четвртини 13:12;18:17;17:23;20:10)
Стрелци за Струга беа:
Лее 18 поени
Стенциел 12 поени
Стојановска 11 поени
Зендели 10 поени
Модева 6 поени
Кукунешоска и Белкоска по 2 поени
Муртазаи 1 поен.
Кај домашните најдобра беше Димова со 26 поени.
Одигравме еден добар такмичарски натпревар бевме конкурентни 39 минути и 33 секунди, во пенал завршницата тие беа по сконцентрирани. Сакам да им честитам на моите кошаркарки кои еве веќе 4 натпревари играат на едно високо ниво, без оглед на тоа што имаме некои ситни повреди и тоа што сме најмлада екипа во лига.
Сега ни престои пауза од 2 недели поради репрезентација, и ќе пробаме тие 2 недели да ги искористиме на најдобар можен начин да се спремиме за продолжеток на првенството каде сто гостуваме во Крива Паланка. – изјави тренерот Ѓоровиќ.