МЗТ Скопје Аеродром го совлада ТФТ со 91:78 во меч од првата кошаркарска лига на Македонија. МЗТ убедливо ја доби првата четвртина, со иста мерка ја загуби втората, а кога се одлучуваше, аеродромци беа подобри од тафталиџани.
Дамјан Стојановски со 30 поени и 7 скока беше најдобар поединец на средбата, имаше и 7 скока. Покрај него, важни улоги во победничкиот тим имаа и Крстевски со 13 поени, Карачиќ 10, Магдевскии 13 Олуџоби имаше 10 поени. Во тимот на ТФТ најефикасен заврши Смит со 18 поени и 16 скока.