Ѓорче Петров ЖРК е организатор на третиот меѓународен турнир во женска конкуренција „Ѓорче Петров Куп 2023“, кој стартува денес и ќе се одржи од 24-ти до 27-ми август на отвореното игралиште покрај „Камин Кама”, како и во спортската сала “Христо Батанџиев” во утринските часови. Учесници на турнирот ќе бидат 8 екипи: шест меѓународни и две домашни, поделени во две групи.
Домашни екипи учеснички ќе бидат Ѓорче Петров и Вардар, додека меѓународни екипи Бекамент Аранѓеловац, Црвена Ѕвезда, Бор и Железничар Инџија од Србија, како и Паок и Панорама од Грција.
