Новиот тим во Женската лига, Металург Автокоманда, денес се засили и со одличниот среден бек Теодора Гулицоска полека го комплетира играчкиот ростер пред стартот на новата сезона.
Претходните денови се засили и со репрезентативката Марија Гугуљанова, која игра на десната крилна позиција, потоа левиот бек Јана Калајџиевска, голманката Анастасија Тодоров, како и кружните напаѓачи Мила Алексоска и Габриела Костадиновска.
Со овие и претходните засилувања тимот на Металург Автокоманда заедно Ѓорче Петров и Чаир станува главен конкурент за титулата.