Енис Барди повредата ја заработи за време на тренинг со националниот состав на Македонија, по што Барди се врати во Валенсија каде што му беа извршени детални прегледи.
Македонскиот репрезентативец и ѕвезда на Леванте, доби добри вести околу неговата повреда на грбот. Не е потребна операција како што првично најавија шпанските медиуми, но ќе мора да одмора неколку недели за целосно да ја надмине болката.



