Одбојкарска репрезентација на Македонија вечерва во Сребрената лига започна со рутинска победа од 3-0 против Кипар во Струмија (25-21, 25-21, 25-21). Никола Ѓорѓиев со 19 поени и Александар Љафтов со 12 беа најдобри поединци кај нас. Утре играме со Израел, кој со 2-3 загуби денеска од Данска во вториот меч на овој турнир.



