Селекторот Данило Брестовац се реши на Мундијалот да ги поведе сите оние ракометари кои беа на собирот и играа на двата контролни дуели против Чиле. Од минатите големи настани во состав нема да бидат крилата Дејан Манасков (Веспрем), Гоце Георгиевски (Вардар), голманот Борко Ристовски (Вардар) и Филип Миркуловски (Вецлар).
Состав кој што го одбра Брестовац за Миндијалот во Египет:
Голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски и Никола Даниловски;
Леви крила: Цветан Кузманоски и Димитар Димитриоски;
Леви бекови: Марко Мишевски, Дарко Георгиевски, Филип Талески и Михајло Младеновиќ;
Средни бекови: Марио Танкоски, Горан Крстевски и Филип Кузмановски;
Десни бекови: Кирил Лазаров, Мартин Серафимов и Мартин Велковски;
Десни крила: Ненад Костески и Мартин Поповски;
Пикери: Никола Маркоски, Столе Стоилов и Жарко Пешевски.