Низ историјата, Македонија има играно со сите три противници кои ни се ривали во групата Г. Македонија ќе се соочи против: Шведска, Египет и Чиле, а најсвежи се последните два контролни дуели против Чиле.
Чиле беше и последниот противник на Македонија во двете контролни средби одиграни во СЦ ,,Борис Трајковски” во Скопје. Јужно американскиот преставник претрпе од нас два порази и тоа со резултат од 28:24 и 25:21.
Претходно против Чиле имаме играно уште три пати и тоа на Мундијалот во 2019 година беше 32:30, а на тој во 2013 година победивме со 30:28. Во квалификациите за ЛОИ, во 2016 година славевме со 30:27.
Што се однесува со останатите два ривали, билансот е негативен. Против Шведска имаме играно два пати, а билансот е едно реми и еден пораз 26:26 на ЕП 2012 и пораз од 27:23 во квалификациите за ЛОИ 2012. Со Египет сме се сретнале само еднаш и загубивме на СП 1999 година со резултат од 30:24.