Почитувани граѓани, спортисти, фудбалери, љубители на спортот… Поради прогласената пандемија на Корона вирусот (Ковид-19) од страна на Светската здравствена организација (СЗО) и вонредната состојба прогласена во државата од страна на претседателот на Р Македонија, воведена е забрана за организирање и одржување на секакви спортски настани и активности, Поради ваквата состојба, принудени сме да го откажеме организирањето и реализацијата на овогодинешниот Турнир во мал фудбал “ВРАНИШТА 2020”.
Се надеваме дека оваа наша одлука ќе наиде на разбирање кај пошироката јавност. Ви посакуваме да останете живи и здрави и во добро расположение.
Спортски поздрав, Организационен одбор!!!



