Екипите на Академија ФМП и на Работнички го отворија 11.коло од Првата лига, или првото во 2021 година. Одиграа под очекувањата, особено во фазата на нападот, за што сведочи и малиот број на постигнати поени на двете страни.
На крајот, на победата и се радуваа кошаркарите на Академија ФМП со краен резултат од 75:69. Во победничката екипа на ФМП се истакнаа Крстајиќ со 30 и Темелковски со 14 поени. Додека за Работнички најмногу поени постигна Балмазовиќ вкупно 16.
Фото: https://kfsm.mk/



