Тимот на Металург во рамките на првото коло од Суперлигата неочекувано загуби од градскиот ривал Тинекс Прочет а сметката за тоа ја плати тренерот, Оливер Димитриовски.
Претходно, за поразите во Европската лига на ЕХФ се имаше алиби поради Ковид-19 и повреди, но, овој пат, раководните лица не го простија поразот на домашна сцена.
Од Металург најавија дека ќе бараат стабилно решение за клупата и во најбрз можен рок тимот ќе добие нов стратег, за наредните предизвици во плеј-офот. Инаку Димитриовски дојде на местото на Зоран Кастратовиќ.