
Последното екипно натпреварување од Светскиот куп во ски скокови се одржа на леталницата ,,Братов Горишек” во Планица, Словенија.
На него, домашната селекција, во состав на: Жига Јелар, Петер Превц, Тими Зајц и Анже Ланишек, дојде до конечна победа, откако доминираше уште од самиот старт.
Вториот овосезонски екипен подиум, со денешното второ место, го освои Норвешка, за која настапија Мариус Линдвик, Бендик Хегли, Јохан Андре Форфанг и Халвор Егнер Гранеруд.
Во битката за бронза, Австрија ја порази Полска, пред сè поради поубедливото издание во втората серија и дојде до титула во тимска конкуренција.
Од Австријците, низ воздухот летаа Михаел Хајбок, Даниел Чофених, Мануел Фетнер и Штефан Крафт, а боите на Полска ги бранеа Пјотр Жила, Давид Кубацки, Јакуб Волњи и Камил Штох.
Во продолжение, поредокот го комплетираа Германија, Јапонија, Финска и Швајцарија.