
По полуфиналето во Ванкувер 2010, машката хокеарска репрезентација на Словачка го оствари најголемиот успех во својата историја.
Имено, на ЗОИ 2022 во Пекинг, Словаците успеаја да освојат бронзен медал, откако во битката за третото место ја поразија Шведска со 4-0.
Во групната фаза, Шведска беше подобра со 4-1, но на денешната средба, Словачка потполно го надигра скандинавскиот ривал.
Голови за ,,бронзената” селекција постигнаа Јурај Слафковски (х2), Самуел Такац и Павол Регенда, затресувајќи ја мрежата на Ларс Јохансон по двапати во втората и во третата третина.
На голот на победничкиот состав стоеше Патрик Рибар, кој беше стопроцентен со 28/28 одбранети шутеви.
Во утрешното финале, во битката за златото, силите ќе ги одмерат Финска и Русија.