Полскиот ски скокачки национален тим, во текот на наредната сезона (2020/21), ќе се состои од вкупно дванаесет скокачи кога е во прашање машката сениорска конкуренција. Минатата сезона, тимот беше поделен на две групи, А и Б, а наредната ќе биде само со една.
Очекувано, првите две места ги заземаат најдобрите скокачи од минатата сезона, четвртопласираниот Давид Кубацки, воедно и победник на Новогодишната турнеја и петтопласираниот Камил Штох. Освен наведените двајца, во тимот ќе влезат и Пјотр Жила, Мачиеј Кот, Јакуб Волњи, Штефан Хула, Клеменс Муранка, Павел Васек, Александер Жњишчол, Томаш Пилх, Андржеј Стекала и Каспер Јурочек.
Стручниот штаб ќе се состои од актуелниот тренер Михал Долежал и неговите асистенти Гржегорж Собчик, Мачиеј Мачиушиак и Даниел Квиатковски.
Јуниорскиот тим ќе го сочинуваат: Адам Нижник, Метеуш грушка, Шимон Јојко, Аркадиуш Јојко, Јан Хабдаш и Станислав Чишек, додека во женската конкуренција ќе се натпреваруваат: Кинга Рајда, Ана Твардош, Камила Карпиел, Никол Кондерла, Јоана Шваб и Викторија Пржибила, предводени од тренерот Лукаш Круечек.