Легендарниот актуелен јапонски ски скокач, Норијаки Касаи, официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди. Имено, Јапонецот е носител на рекордот за најмногу натпреварувања во овој спорт. Касаи, досега, има забележано 569 индивидуални стартови во светскиот куп каде што се натпреварува од 1988 година.
Откако му беше доделен сертификатот од Гинисовата книга, Касаи, за порталот на ФИС изјави:
„Ќе продолжам да давам сè од себе за да го подобрам рекордот што повеќе.“
Освен овој рекорд, 47-годишниот ски скокач, во своја сопственост, држи уште рекорди – учество на осум зимски Олимпијади и учество на тринаесет светски првенства.



