СКА Ст. Петербург дополнително се осамна на врвот на Западната конференција со третата последователна победа.
Имено, денес, лидерите триумфираа над Динамо Минск со убедливи 1-5 и ги спуштија на осмото место.
На мечот, двете екипи упатија по 29 шутеви во рамките на голот, но реализацијата гласеше 3,45% – 17,24% во корист на победничкиот состав.
Единствениот погодок за претставниците на Белорусија го постигна Павел Варфоломејев во седмата минута, кој израмни на 1-1.
Од друга страна, за СКА реализираа Марат Хаирулин, Никита Камалов, Дмитриј Јашкин, Александер Волков и Максим Грошев.