
СКА Ст. Петербург, во рамките на денешната КХЛ програма, му одржа сериозна лекција на Кунлун Ред Старс, совладувајќи го со убедливи 7-2.
Точно на половина од натпреварот, домаќините водеа со 5-0, а до крајот беа постигнати по два гола и на двете страни.
За Ред Старс, во листата на стрелците се запишаа Девин Бросо во втората и Рајан Спраул во третата третина.
Од друга страна, за победничкиот состав успешно реализираа Дмитриј Јашкин (х2), Владислав Цицјура, Александер Волков, Михаил Воробјов, Дамир Жафјаров и Никита Гусев.
На Западот, СКА ја обезбеди шампионската титула за регуларната сезона, додека Кунлун остана на претпоследната позиција без шанси за плејоф.