Екипите предводени од Дарен Фергусон, синот на Сер Алекс Фергусон и од Вејн Руни се соочија во увертирата на второто коло од англискиот Чемпионшип.
Имено, фудбалерите на Питерборо Јунајтед, на својот ,,Вестон Хоумс Стадиум”, направија спектакуларен пресврт и славеа над Дерби Каунти со 2-1.
Дерби поведе во 77. минута, кога резервистот Џек Стретон го запиша својот прв сениорски погодок во белиот дрес.
Поради повредата на Колин Казим-Ричардс, натпреварот беше продолжен за единаесет минути, во кои, играта на ,,Овните” се распадна во потполност.
Најпрво, само пет минути по влегувањето во игра, за 1-1 стрелаше Херисон Бароус (90+1′), а конечниот пресврт на Питерборо го комплетираше уште еден џокер – Ширики Дембеле (90+10′).
После две кола, Питерборо има една победа и еден пораз, додека Дерби освои само еден бод против Хадерсфилд.