Романецот Георге Хаџи имаше фантастична кариера, а неговиот син Јанис Хаџи тргна по неговите стапки. Младиот Хаџи кој има 21-година и важи за голем талент го носи дресот на Генк, а сега потпиша перманентен договор со шкотски Глазгов Ренџерс под менторство на Стивен Џерард.
Младиот фудбалер уште од јануари беше на позајмица, а сега клубот го откупи за три милиони евра. Во минатото Јанис Хаџи настапуваше за Фиорентина, но сега се реши дека за него најдобра варијанта е да игра за шкотскиот великан.



