По третпат во низа, хокеарите на Салават Јулаев Уфа успеаја да го надиграат составот на Сибир Новосибирск со ист резултат – 3-1.
Имено, денес, ,,Зелените” триумфираа со наведениот резултат, но на гостински терен.
Сите четири голови паднаа во третата третина, односно во последните дванаесет минути.
Најпрво, осмиот гол во сезоната на Виктор Комаров му донесе почетно водство на Сибир, а во продолжение, гостите ја торпедираа мрежата на Хари Сатери за забележување на конечниот триумф.
Стрелци за Салават беа Шакир Мухамадулин, Џеф Плет и Пјотр Хохрјаков.
Со новите два поени, победниците избија на третото место на Истокот, додека Сибир останува деветти со седум бодови заостаток во однос на плејоф-зоната.
📸 HC Salavat