
Словенечката Планица е домаќин на Светското првенство во крос-кантри, кое денес започна со трките во спринт.
Во женска конкуренција, хет-трик на подиумот направи Шведска во името на Јона Сундлинг (3:21,67), на Ема Рибом (+0,87) и на Маја Далквист (+4,45).
Зад нив завршија нивната сонародничка, Лин Сван (+8,06) и Норвежанките Кристине Ставаас Скистад (+10,93) и Тирил Уднес Венг (+27,29).
Кај мажите, фаворитската улога ја оправда Јоханес Клебо (2:56,07), а во битката за сребро, во фотофиниш, Паал Голберг (+2,22) го натскија Жил Шапа (+2,24).
Пласманот од големото финале го дополнија Михал Новак (+5,90), Кале Халфварсон (+11,64) и Лука Шанава (+32,27).