Македонскиот репрезентативец Никола Митревски и неговиот тим Порто ја забележаа првата победа годинава во Лигата на шампионите откако дома славеа против Динамо Букурешт со 32:23.
Митревски натпреварот го заврши со 12 одбрани од 29 обиди со повеќе од 41% процент на успешност и беше еден од најзаслужните за победата. Имаше во еден момент три одбрани со ред па со право се прашува медиа тимот од Лигата на шампионите што ли јадел за доручек овој чудесен голман.