Македонскиот репрезентативец Никола Митревски и неговиот тим Порто ја забележаа првата победа годинава во Лигата на шампионите откако дома славеа против Динамо Букурешт со 32:23.
Митревски натпреварот го заврши со 12 одбрани од 29 обиди со повеќе од 41% процент на успешност и беше еден од најзаслужните за победата.