Македонскиот ракометен првак Вардар одигра несреќно реми од 34:34 на полувреме беше 20:21 за норвешки Елверум во рамките од Лига на шампиони. Двата тима одиграа еден изедначен и возбудлив натпревар.
,,Црвено-црните” во финишот прокоцкаа предснот од четири гола разлика и со звукот на сиреанта примија гол за израмнување преку Петерсон. Феноменален за Вардар беше Марко Кизиќ со 13 одбрани, а кај стрелците, Гаџа имаше 8 гола, пред Чупиќ со 6 и Стоилов со 5 гола.
Кај Елверум, најдобри беа Мате, Солстад и Пујол, сите со по 5 погодоци. Вардар и Елверум ќе одиграат уште еден натпревар во Скопје, кој е закажан во среда, меч кој поради строгите корона прописи во Норевшка ќес е игра во Скопје.